ЕУ ќе побара од фармацевтските компании кои произведуваат вакцини против Ковид-19 во рамките на Унијата, однапред да го регистрираат извозот на дози во трети земји, соопшти денеска официјален претставник на ЕУ.

Европската комисија ќе формира транспарентен регистар на извоз на вакцини надвор од Унијата, изјави официјален претставник и најави дека новото правило ќе стапи во сила наредните денови.

Лиценци за извоз за хуманитарни цели ќе се издаваат редовно, додаде тој.

Овој потег следува откако компанијата АстраЗенека во петокот одеднаш најави големо намалување на залихите на вакцини за Унијата во првиот квартал од годинава.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/01/2021 21:55