Британскиот премиер Борис Џонсон во текот на неделата ќе ја посети Шкотска, со цел да ги одврати граѓаните од сепаратизам, откако шкотската премиерка Никола Старџен најави уште еден референдум за независност, објави денеска британскиот дневен весник „Сан“.

Старџен вчера изјави дела планира втор референдум за независност на Шкотска од Велика Британија ако нејзината партија победи на узборитре, што се закажани во мај.

На референдумот во Шкотска во 2014 година „против“ независноста гласаа 55 проценти, додека 45 отсто се изјаснија „за“. Мнозинството граѓани на Шкотска во 2016 година го поддржаа останувањето на Велика Британија во Европската Унија.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/01/2021 21:57