Повеќе од 3.000 припадници на руската балтичка флота учествуваат во големите поморски маневри што почнаа денеска, соопшти службата за односи со јавност на руската армија.

Во маневрите ќе учествуваат повеќе од 3.000 војници и офицери и повеќе од 300 парчиња воена опрема и оружје, вклучувајќи воени авиони, противвоздушно оружје и поморска инженерија.

Маневрите ќе траат една недела, а препораките по воените вежби ќе бидат испратени до сите единици на Балтичката флота со цел да се подобри борбената готовност и подготвеност, да се подобри командата и контролата врз единиците и да се подобри ефикасноста во користењето на борбените средства, се вели во соопштението на командата.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/01/2021 22:18