Студија спроведена во Велика Британија покажа дека антибиотиците азитромицин и доксициклин генерално не се ефикасни терапии за раните фази на Ковид-19 со цел да се спречи хоспитализација на пациенти или понатамошни интервенции, објави Универзитетот во Оксфорд.

Студијата покажа дека азитромицин и доксициклин не се корисни за пациенти со Ковид-19 кои се постари од 50 години и кои се лекувале дома со еден од овие два антибиотици, според веб-страницата на Универзитетот во Оксфорд.

На страницата е објавено дека повеќе детали во врска со испитувањето ќе бидат објавени наскоро во научно списание.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/01/2021 22:45