Американскиот претседател Џо Бајден планира да го замени возниот парк на американската Влада од околу 650.000 автомобили со електрични возила.

– Федералната Влада има огромна флота возила што ќе ги замениме со електрични автомобили направени овде во Америка од американски работници, рече Бајден.

Белата куќа не одговори веднаш на прашањето во кој период Бајден планира да ги замени сегашните возила.

Целосната замена на возниот парк може да чини околу 20 милијарди долари.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/01/2021 10:22