Одделението на американскиот Сенат за надворешни работи ја одобри номинацијата на Ентони Блинкен, кого новоизбраниот претседател Џо Бајден го предложи за државен секретар.

Како што пренесуваат странските агенции, Одделението гласаше 15:3 за номинацијата, со што е отворен патот Блинкен да биде изгласан во Сенатот оваа недела и официјално како нов државен секретар.

Пред него, на позицијата државен секретар на САД беше Мајк Помпео од редовите на Републиканците.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/01/2021 10:31