Десетте најбогати луѓе на светот би можеле да купат вакцини за сите жители на планетата, покажуваат податоците од извештајот на меѓународната хуманитарна организација Оксфам.

Нивното вкупно богатство се зголеми за 540 милијарди долари за време на пандемијата на коронавирусот и сега изнесува 11,95 билиони долари, се наведува во извештајот на организацијата под името „Вирус на нееднаквост“.

Тие пари се доволно за да се спречи пад во сиромаштија на речиси секој поединец за време на пандемијата и да им се обезбеди вакцина против коронавирусот, пресметаа истражувачите на Оксфам.

Количината на богатство што ја имаат овие 10 лица е еднаква на вкупното трошење на членовите на Г20 за опоравување од пандемијата.

Оксфам ги повикува владите да размислат за оданочување на супер богатите.

Некои од нив дадоа значителен придонес за справување со пандемијата.

Меѓу 10-те најбогати луѓе се наоѓаат лидерот на „Амазон“, Џеф Безос, сопственикот на „Тесла“, Илон Маск и основачот на Фејсбук, Марк Закерберг.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/01/2021 11:16