Естонскиот Парламент денеска ја избра нова коалициска Влада предводена од премиерката Каја Калас.

Членовите на нејзиниот кабинет положија заклетва откако Владата беше избрана со новото парламентарно мнозинство, составена од про-пазарната Реформска партија на премиерката и Партијата на десниот центар на поранешниот премиер Јури Ратас.

Калас (43), прва премиерка во историјата на Естонија, дојде на чело на владата откако двете најголеми партии во неделата постигнаа договор за коалиција.

Двете партии имаат по седум министри во новата Влада.

Калас, ќерка на еден од основачите на Реформската партија, Сим Калас, адвокат и поранешен член на Европскиот парламент, ја истакна важноста на родовата еднаквост за време на формирањето на владата и постави неколку жени на клучни позиции, вклучително и надворешни работи и финансии.

Владата на Ратас падна пред две недели поради корупциски скандал.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/01/2021 14:49