Колумбискиот министер за одбрана, Карлос Олмес Трухило, умре од Ковид-19, соопшти денеска владата на ова латиноамериканска држава.

На почетокот на јануари беше соопштено дека министерот Трухило се заразил со коронавирусот и бил примен на интензивна нега, пренесуваат британските медиуми.

Во Колумбија досега се потврдени повеќе од два милиона случаи на Ковид-19, а речиси 52.000 пациенти умреле со дијагностициран Ковид-19.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/01/2021 15:31