Намалување на приходите за вкупно 2.2 милијарди евра ќе забележат најбогатите европски фудбалски клубови до крајот на актуелната сезона, како последица економските и општествените нарушувања предизвикани од пандемијата со Ковид-19.

Ова, како што пренесуваат светските агенции, се наведува во најновиот извештај објавен денеска за Финансиската фудбалска лига на ревизорската компанија „Дилојт“.

Во извештајот се опфатените 20. фудбалски екипи со најголеми приходи во сезоната 2019/2020, која поради пандемијата беше во прекин три месеци.

Во 24-от ред извештај на „Дилојт“ пишува дека 20-те прворангирани клубови во Финансиската лига минатата сезона оствариле комбиниран приход 8.2 милијарди евра, што е за 12 отсто помалку во споредба со сезоната 2018/2019.

Најголем дел од загубите се однесуваат на пад на приходите од телевизиски преноси, за 937 милиони евра, и намалениот број продадени влезници, за 257 милиони евра.

На чело на Финансиската фудбалска лига е Барселона со 715.1 милиони евра приход во сезоната 2019/2020 пред Реал Мадрид со приход од 714,9 милиони евра.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/01/2021 19:22