Суспензија од два натпревари му е изречена денеска на тренерот на Интер, Антонио Конте, поради вербалниот конфликт со судијата Фабио Мареска на саботниот натпревар против Удинезе во Серија А.

Конте, поради протест, беше исклучен во судиското продолжение на мечот што заврши без голови, а инцидентот продолжи во тунелот на стадионот.

Дисциплинската комисија на Серија А во образложениеto на одлуката, наведе дека тренерот на Интер „со висок тон упатил закани и навреди“ кон Мареска.

Поради изречената казна, Конте нема да седи на клупата на Интер на натпреварите против Беневенто и Фиорентина.

Конте е санкциониран и со парична казна во износ од 20.000 евра.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/01/2021 19:40