Македонскиот фудбалски прволигаш Академија Пандев договори контролен натпревар против српскиот шампион Црвена ѕвезда.

Двете екипи се подготвуваат за пролетниот дел на сезоната во своите првенства во Анталија, а контролниот натпревар е закажан за в четврток од 15 часот.

Првично беше најавено дека Академија Пандев задутре ќе игра против украински Лвив, а Црвена ѕвезда против словенечки Марибор. Од српскиот тим, меѓутоа, вечерва официјално соопштија дека распоредот е изменет и оти е договорен пријателски натпревар против македонскиот прволигаш.

Академија Пандев на првиот меч од подготовките во Турција, одигра во неделата нерешено 1:1 против косовскиот прволигаш Арберија.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/01/2021 19:41