Началникот на израелскиот Генералштаб, генерал Авив Кохави, ја предупреди администрацијата на новиот американски претседател Џо Бајден да не се враќа во иранскиот нуклеарен договор од 2015 година, дури и доколку ги заостри своите услови, и додаде дека на своите воени сили им наредил да почнат со подготовки за можна офанзивна акција против Иран во текот на следната година.

-Со оглед на иранската закана, израелската војска ќе биде подготвена самостојно да нападне доколку тоа биде потребно, рече Кохави.

Американските медиуми пренесуваат дека Кохави на армијата и наредил да подготви и низа оперативни планови, покрај оние што веќе се во сила.

Само неколку часа пред израелскиот генерал да зборува за договорот, Иран го повика Бајден да се врати во него.

-Понудата нема да биде важечка долго време, предупреди портпаролот на иранската Влада.

Коментарите доаѓаат во време кога и Израел и Иран се обидуваат да извршат притисок врз американскиот претседател Џозеф Бајден пред тој да го објави повторно пристапување на САД кон иранската нуклеарна програма.

Договорот од 2015 година поставува ограничувања на иранската нуклеарна програма во замена за олеснување на економските санкции. Израел силно се спротивставува на тоа затоа што верува дека не вовел доволно заштитни мерки за да го спречи Иран да развива нуклеарно оружје. Земјата го поздрави повлекувањето на Трамп од договорот од 2018 година.

Бајден рече дека ќе се обиде да го заживее договорот, со одредени измени.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/01/2021 11:49