Седумкратниот последователен првак во Формула 1 во екипна конкуренција „Мерцедес“ на 2 март ќе го претстави болидот со кој екипата ќе се натпреварува во новата сезона.
Како што денеска е соопштено, новиот болид под името „Mercedes – AMGF1 W12 E Performance“ ќе биде претставен на интернет, а се очекува, како и минатата година, да биде во црна боја.
„Мерцедес“ е третата екипа која го објави датумот за претставување на болидите, по „Мекларен“ (15 февруари) и „Алфа Ромео“ (22 февруари).