Младата украинска атлетичарка во скок во височина Јарослава Магучих (19) постигна денеска одличен резултат на митингот во сала во Банска Бистрица, прескокнувајќи 2,06 метри.

Остварувањето на Магучих е трет најдобар резултат на сите времиња во сала и три сантиметри под светскиот рекорд на отворено што од 1987 година суверено го држи легендарната бугарска атлетичарка Стефка Костадинова.

Магучих го сврте кон себе вниманието на спортската јавност на последното Светско првенство во Доха во 2019 година на кое го освои сребрениот медал.

Светскиот рекорд во сала е во сопственост на Касја Бергквинст, која на 4 февруари 2006 година прескокна 2.08 метри.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/02/2021 22:15