Продолжение на ТВ-серијата „НЦИС“, со содржина сместена не во Вашингтон, туку на Хаваи, е во подготовка. Се работи за тнр. „одгранок“ продолжение, со нови ликови и нова приказна.

Првата „НЦИС“ серија на продукциската куќа „Си-би-ес“ се прикажува од 2003 година, а сега се прикажува 18-та сезона. Имаше и продолженија, како посебни серии со приказни сместени во Лос Анџелес и Њу Орлеанс.

Други одграноци на приказната, како што е „НЦИС: Црвено“, со приказна околу морнаричка антитерористичка единица, не беа толку успешни.

Новиот ТВ-проект е во претпродукција.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/02/2021 15:56