Во своето гостување во емисија „Неделен Брифинг“ на Инфомакс поранешниот градоначалник на Град Скопје, Коце Трајановски изјави дека привилегија и обврска е да бидеш градоначалник на главниот град, дека треба да го сакаш Скопје и посветено да работиш 15-16 часа дневно за да оставиш белег.

„Треба да го сакаш Скопје, не само да го сакаш сите велиме го сакаме, ретко кој не го сака Скопје, меѓутоа треба да го сакаш со дело, за да направиш дело ти треба да посветиш време а да посветиш време ти треба да дадеш од своето слободно време, од времето со фамилијата, значи треба да си сконцентриран и посветен многу ако речам од 24 часа барем 15 -16 часа“ кажа Трајановски.

Коце Трајановски посочи дека му било привилегија да биде градоначалник и дека работел посветено за да навистина остави белег.

„Јас кога дојдов јавните претпријатија должеа околу 17-18 милиони евра долг кон државата за неплатено ДДВ и само да ве потсетам тоа ДДВ за комуналните услуги од страна на СДСМ во нивното владеење од 2002 до 2006 година беше покачено од 5 % на 18 %. Ние го вративме кога дојде ВМРО-ДПМНЕ, долговите каматите ги простивме и на 10 години и овие три 13 години, грејс период 3 години и 10 години рок на отплата. И така веќе почна да заживува Скопје. За да сега гледам тие се потонати во долгови па веднаш 50 проценти им ги простија 50 милиони евра па сега уште еднаш планираат 51 милион евра. Тоа значи дека тие знаејќи дека некој ќе им ги прости долговите во тој случај нема ни многу да работат. Моето работење за Скопје беше навистина сконцентрирано за да оставам белег. Заради тоа што навистина е голема привилегија и голема обврска е да бидеш Градоначалник на главниот град на една држава во конкретниот случај на Република Македонија“ изјави Трајановски.

Трајановски додаде и дека Шилегов повеќе од половина мандат се бавел само со него дека не реализирал ниту веќе готови проекти и само правел привид дека демек нешто работи

„Шилегов се бавеше со мене повеќе од две години, прво велеше нема проекти после тоа а да има меѓутоа не се добри, ние ги преправаме за да купат време 2 и пол години и веќе мандатот му истече. За да видиме сега што направил тој практично ги реализирал моите неколку проекти што практично требало да бидат реализирани многу порано. Јас му оставив многу готови проекти тој не ги ни реализира. Лентите се само изгребани и ставен е нов асфалт дури на одредени места помеѓу два надвожника ниту извичњаците не се сменети. Извичњаците се рамни со асфалтот. Се е тоа во време на брзина да добие внимание да се види демек работи нешто“ изјави Трајановски.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/02/2021 16:10