Портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс соопшти дека изјавата на иранскиот врховен лидер, ајатолах Али Хамнеи за збогатувањето ураниум „звучи заканувачки“.

Најавата на Хамнеи дека Иран може да збогатува и до 60 отсто ураниум доколку за тоа има потреба, Прајс ја нарече „хипотетичка“ и „извештачена“.

Тој нагласи дека САД се подготвени да разговараат со Иран за враќањето во нуклеарниот договор од 2015 година.

Хамнеи претходно истакна дека Иран може да збогати ураниум до 60 отсто доколку тоа на земјата и е потребно, а Техеран „никогаш нема да потклекне под притисокот на САД поради иранската нуклеарна програма“.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/02/2021 10:17