Во рамки на „Денови на црногорска култура“ во Музејот на Македонската борба денеска со почеток во 18 часот ќе биде отворена изложбата „Од медове до ловченске виле“.

Изложбата ќе ја отворат амбасадорката на Црна Гора, Марија Петровиќ и градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

На изложбата ќе присуствуваат и претставници на Управата за дијаспора на Црна Гора, како и претставници на црногорските заедници во Македонија.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/03/2021 09:35