Организацијата Репортери без граници (РСФ) денеска соопшти дека поднела кривична постапка пред германски суд против саудискиот престолонаследник принцот Мохамед бин Салман за „злосторства против човештвото“ во убиството на новинарот Џамал Хашоги.

Во тужбата, со која се бара истрага од обвинители по меѓународно право во Германија, Саудиска Арабија се обвинува за прогон на Кашоги, кој беше убиен во саудискиот конзулат во Истанбул во октомври 2018 година, како и на десетици други новинари.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/03/2021 15:07