Напаѓачот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор се гордее на своите 100 натпревари за „кралскиот тим“.

– За мене е голема чест да бидам еден од најмладите фудбалери кои достигнаа 100 настапи за клуб голем како Реал. Играњето за „кралскиот клуб“ е остварување на сонот и имам среќа што сум тука. Љубовта и желбата да се постигне успех во овој клуб е огромна. Сакам да одиграм уште 100 натпревари за Реал Мадрид. Хала Мадрид! – напиша на својот Инстаграм, Винисиус.

Дваесетгодишниот Винисиус се приклучи на Реал Мадрид од Фламенго летото 2018 година. Тој има 12 голови и 20 асистенции на 100 настапи за шпанскиот гигант.

Бразилец е првиот играч роден по 1999 година што одиграл 100 или повеќе натпревари за Реал Мадрид.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/03/2021 13:14