Во останатите служби вработените ќе се вакцинираат откако во земјава ќе пристигнат поголеми количини вакцини, рече д-р Бајрами.

Дваесет и девет вработени од Итната медицинска помош при Здравствениот дом во Кичево, во модуларната болница при Инфективната клиника во Скопје примија вакцина против Ковид-19. Тие по 21 ден ќе ја примат и втората вакцина, со што и целосно ќе се имунизираат.

Ова го истакна директорот на Здравствениот дом во Кичево, Џабир Бајрами, кој рече дека само четворица вработени во оваа служба одбиле да се вакцинираат,

– Во останатите служби вработените ќе се вакцинираат откако во земјава ќе пристигнат поголеми количини вакцини, рече д-р Бајрами.

Тој нагласи дека вработените се целосно подготвени и едуцирани да почнат со вакцинација на граѓаните кога ќе пристигнат вакцините и потенцира дека располагаат со доволно простор за завршување на оваа операција.

– Кога ќе пристигнат во земјава поголем број вакцини, тогаш преостанатите вработени во Здравствениот дом ќе се вакцинираат против Ковид-19. Иако во последно време се бележи благ пораст на новозаболени, сепак и од таа мала бројка, вo изминатите 24 часа, двајца граѓани на возраст од 51 и 71 година во болнички услови ја загубија битката со коронавирусот, додаде Бајрами.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/03/2021 13:42