Во Општата болница со проширена дејност во Дебар почна изградбата на централен систем за кислородна подршка, во делот кај Интерното одделение, кое работи како Инфективно и каде се третираат ковид пациенти.

–По спроведените потребни активности почнавме со работите за поставување централен систем за кислородна подршка.Тоа секако благодарение на Компанијата „Кнауф Радика” која позитивно одговори на барањето на нашата болница и за таа цел ни додели 800.000 денари. Реализацијата на овој проект е од витално значење во лекувањето на пациентите со Ковид-19, но и во целина на болните на кои им е потребна ваква подршка, изјави за МИА, Баки Алили, директор на болницата.

Во внатрешниот дел веќе се поставува потребната инталација, па ќе се продолжи со останатиот зафат надвор од објектот.

Во меѓувреме, додава Алили, епидемолошката состојба може да се оцени како стабилна, што се потврдува и од минималниот број лица на кои им е потребен болнички третман.

-Денеска во Инфективното одделение имаме само двајца ковид-паценти, кои се на кислородна поддршка, но во стабилна состојба, што е најмала бројка од отворањето на ковид-центарот од 11 ноември лани. Амбулантски се третираат пет пациенти, додека немаме ниту еден пацент во здратсвените установи во Скопје. Од 15-ти минатиот месец до вчера опасниот вирус е дијагностициран кај 17 лица, посочува тој.

Во Дебар и општина Центар Жупа, вкупната бројка на заразени досега изнесува 795, активни на болеста се 44, додека починале 35 лица.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/03/2021 13:44