Во организација на Домот на културата, денеска во салата на Народниот театар во Гевгелија се одржа бесплатна едукативна работилница за македонската чалгиска инструментална и вокална музика.

Предавач на двете сесии од едукативната работилница беше м-р Благојче Трајковски, виртуоз на кларинет, кој важи за еден од главните инструменти во чалгиската музика.

-Работата со учениците и студентите навистина ме исполнува многу. Ми дава еден духовен мир и спокој покрај сите други обврски кои ги имам надвор од педагошката работа. Драго ми е што за кларинетот постои голем интерес кај младите луѓе, рече Трајковски.

Познат е кај нашата публика и пошироко, по музичките проекти главно во етно сферата. Вработен е во ДМБУЦ ,,Илија Николовски-Луј,, во Скопје, а последните четири години е доцент на Музичката академија во Штип.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/03/2021 15:21