СДСМ повторно докажува дека не им се важни граѓаните на Република Македонија. Покрај собраните над 100.000 потписи против законот за попис, СДСМ продолжува со намерата за реализација на пописот, потпомогнати од коалициските партнери.

Со цел да се испочитуваат барањата на граѓаните и да се валоризираат сите оние 100.000 потписи кои ВМРО-ДПМНЕ ги собра за само седум дена низ Република Македонија, денес во Собранието ВМРО-ДПМНЕ поднесе Предлог на закон за престанување на важење на законот за попис, по итна постапка.

На ова самоволие кое што СДСМ и Зоран Заев го демонстрираат на дело, мора да му застанеме на патот и да не дозволиме насилнички попис.

Оваа лакрдија која што се случува во врска со пописот, ние ја претпоставивме многу порано, уште во почетоците на донесувањето на законот за попис, но самобендисаниот премиер Заев, како и СДСМ, не сакаа да ги послушаат барањата на ВМРО-ДПМНЕ.

Со вакво несериозно однесување, Заев и СДСМ наместо да организираат попис во облик на статистичка операција, тие создадоа закон кој ќе овозможи пазарење, додворување и коалициски договори на штета на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ ќе остане на иста линија со граѓаните на Република Македонија и нема да дозволи да се реализира ова самоволие на власта на чело со Зоран Заев, бидејќи доколку дозволиме да се реализира оваа политичка операција, општеството нема да се развива согласно потребите и бројноста на граѓаните, туку согласно договорите помеѓу Зоран Заев и коалициските партнери.

Токму затоа, ВМРО-ДПМНЕ во денешниот предложен Предлог за закон за престанување на важење на законот за попис ги остави сите оние забелешки и аномалии во однос на законот, за власта повторно да ги разгледа и да се дискутира на таа тема, со цел да се изготви нов закон за попис, а оваа смешна лакрдија да престане.

ВМРО-ДПМНЕ ќе се избори со сите свои расположливи средства да застане на патот на овој план за фингиран попис, а потоа ќе учествува во изготвувањето на нов закон за попис кој ќе овозможи добивање на релевантни податоци и податоци коа ќе помогнат реално во креирањето на општеството.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/03/2021 17:37