Тренерот на Арсенал, Микел Артета, изјави денеска за британските медиуми дека е целосно концентриран на својата работа и исклучително среќен во лондонскиот премиерлигаш.

Неговата реакција доаѓа по наводите дека е можен наследник на Холанѓанецот Роналд Куман на клупата на Барселона.

Претседателските избори во каталонскиот клуб ќе се одржат в недела, а еден од најсериозните кандидати за прв човек Жоан Лапорта најави дека планира да го донесе Артета на местото на Куман.

– Секогаш ќе има шпекулации кога се одржуваат избори во Барселона. Тоа е голем клуб во кој јас израснав како играч и секогаш ќе бидам поврзан. Но, целосно сум концентриран на работата која ја вршам овде, не чека уште многу работа и навистина уживам. Се чувствувам привилегиран што го предводам Арсенал и исклучително сум среќен, изјави Артета за телевизијата „Скај“.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/03/2021 22:49