Лидерот на Движењето „Самоопределување“ и кандидат за нов косовски премиер, Албин Курти, кој престојува во Тирана, попладнево оствари одвоени средби со претседателот Илир Мета, премиерот Еди Рама и лидерот на опозициската Демократска партија, Љуљзим Баша.

Мета, во објава на Фејсбук, нагласува дека ова била братска средба, на која му честитал на победата, но пред се на „одличниот изборен процес што го спроведе Косово“.

„Ние споделивме многу вредни идеи за сеопфатно зајакнување на соработката меѓу нашите две земји и забрзување на процесите на интеграција, за да гарантираме подобра и безбедна европска иднина, каква што заслужуваат нашите граѓани“, напиша Мета на објавата на Фејсбук по средбата.

Иако односите не им се идеални Курти беше примен и од премиерот Рама, но, за средбата нема детали. Тие неколкупати се судрија поради спротвставените ставови по одделни прашања, последно околу иницијатвата за мини Шенген на Балканот.

По средбата, пак, што Курти ја оствари со демократскиот лидер, Баша, објави дека му честитал за победата и примирот што Косово го дадал на Албанија и целиот регион за начинот на организирање на изборите, иако во пандемски услови.

-Разговаравме за предизвиците со кои се соочуваат Албанија и Косово. На средбата со Курти, ја истакнав неопходноста на Албанија за промени на изборите на 25 април и го уверив дека утре, како премиер на Албанија, ќе сторам се за да ја зголемиме и зајакнеме соработката со Косово за економски развој, вработување, признавање од земји што допрва треба да сторат, како и членство во меѓународни институции,објави Баша.

Курти во текот на денот ги презентираше кандидатите на неговата партија во Албанија за парламентарните избори закажани за 25 април.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/03/2021 22:56