Србија не поставува никакви рокови за компромисен договор со Косово и заклучок од средбата со Мироскав Лајчак е дека Србија ќе инсистира на спроведување на потпишаните договори во Брисел, меѓу кои е формињето на Заедницата на српски општини (ЗСО) и сето друго што не исполнето од 2013 година, изјави срспкиот претседател Александар Вучиќ на прес конференцијата по средбата со специјалниот прставник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, Вучиќ разговорот го сублимираше во неколку точки, меѓу кои е дека Србија е посветена на дијалогот со Приштина и подготвена е на продолжување на дијалогот. Да, Србија ги подржува напорите на Лајчак за политиката на компромис, преку која треба да се дојде до задоволство или делимично задоволство на двете страни, без ултиматуми. И, да, Србија во добра верба и намера учествува во преговорите, со желба да постои рабирање и за нејзините државни интереси.

-Во врска со ова, ние сметаме дека компромисниот договор значи некому се, а секому доволно, и Србија е одговорна и посветена, бидејќи без ова нема напредок во евроинтеграциите, изјави Вучиќ.

Мирослав Лачак изјави дека го запознал српскиот претседател со разговорите што ги имал во Приштина, оценувајќи дека дијалогот е клучен за двете страни заради евроинтеграциите, а статус квото не е одржливо ни за една страна.

-ЕУ очекува продолжување на дијалогот за сеопфатно нормилизирање на односите. ЕУ очекува имплементирање на се што е договорено во дијалогот во последните 10 години, изјави Лајчак.

Во врска со партнерството на ЕУ со САД околу дијалогот, Лајчак потенцираше дека ЕУ се враќа на ова партнерство, бидејќи посетата на Приштина и Белград била подготвувана и планирана заедно со Метју Палмер, кој не можеше да дојде поради епидемијата на коронавирус.

-Ние делиме иста цел со САД за Западен Балкан, а тоа е придружување на ЕУ, оцени Лајчак.

Тој по посетата на Приштина, го сподели разбирањето од страна на Косово, дека дијалогот е од клучно значење и дека тој мора да продолжи по формирањето на институциите, како и потврдата на српскиот претседател дека е подготвен да дојде во Брисел за продолжување на патот за постигнување на „сеопфатен договор за нормализација и решавање на сите отворени прашање, еднаш и засекогаш.“



Автор: Администратор
Објавено на: 03/03/2021 23:11