Американскиот претседател, Џо Бајден, се согласи да ја корегира „сигурноста“ на исплата на 1.400 долари помош за Американците, дел од неговиот пакет мерки за обнова на американската економија вреден 1.9 трилиони долари, откако ова го побараа повеќе умерени демократи во Сенатот.

Тиа побараа „таргетирано“ трошење на парите.

Според промената, сите Американци со плата помала од 75.000 долари годишно, ќе добијат еднократна помош во износ од 1.400 долари. Меѓутоа, помош нема да има за лицата кои заработуваат над 80.000 долари годишно. Ова денеска на редовниот брифинг го потврди и Џен Псаки, портпарол на Белата куќа.

Некои потврди сенатски демократи сакаа да ја намалат границата за добивање еднократна помош за они кои примаат 50.000 долари годишна плата или помалку, но на тоа остро се спротивставија сенаторите Рон Вајден од Орегон и Берни Сандерс од Вермонт.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/03/2021 23:15