Гувернерот на Њујорк, Ендру Куомо изјави денеска дека нема да поднесе оставка поради зголемениот притисок во врска со скандалот поради сексуално вознемирување, но ја искористи можноста да им се извини на жените кои поради него се чувствувале непријатно.

Тој апелираше на јавноста да ги „почекаат фактите“ пред да го осудат за сексуално вознемирување.

– Нема да поднесам оставка. Мене ме избрале граѓаните на Њујорк и јас ќе продолжам да ја извршувам функцијата за која ме избрал народот на оваа држава, истакна Куомо, додавајќи дека целосно го поддржува правото на жените да излезат пред јавноста со случаите за сексуално вознемирување.

– Никогаш не сум допрел никого непристојно, ниту сум имал тогаш претстава дека некој се чувствува непријатно поради мене. Немав намера никого да повредам или некому да причинам болка, порача гувернерот на американската сојузна држава Њујорк.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/03/2021 23:17