Актуелниот шампион Шкупи денеска испиша историја забележувајќи го највисокиот триумф во македонскиот клупски футсал со првенствената победа од 37:0 над екипата на Кратово.

Најефикасен на мечот беше поранешниот македонски репрезентативец Зоран Левески со 15 голови.

Претходно, највисоката победа во македонското првенство во футсал беше во сопственост на екипата на Гемиџии, која во сезоната 2010/11 го совлада тимот на Илинден со 34:3.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/03/2021 23:19