Бране Петрушевски, Пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „Само Вистина“ зборуваше за денешното гласање за недоверба на Владата и истакна дека тоа што денеска се случи во Собранието е еден класичен театар од страна на Заев и од ова најголема штета ќе имаат граѓаните на Република Македонија.

Легитимно е на секоја опозиција е да се бори да разговара во Собранието за рушењето на владата и апсолутно тоа го правеше ВМРО-ДПМНЕ и ќе продолжи да го прави тоа без разлика на денешниот театар да се обиде да собере доволен број на пратеници кој што ќе изгласаат недоверба на владата. Ова денеска што се случи во Собранието е еден класичен театар да не речам циркус каде на еден шверцерски начин Заев во отсуство на лидерот опозиција кој што знаете дека е во самоизолација, да си купи некој ден и тие негови пазарџиски способности особено во делот на тргување со влијанија за кои очигледно е махер, почнувајќи од почетокот на неговиот мандат пред се со пратениците да ете и денеска докаже дека е способен да пазарува во тој дел. За жал ова што го видовме денеска, најголема штета ќе имаат граѓаните на Република Македонија, рече пратеникот. Понатаму во своето гостување Петрушевски укажа дека денеска во Собранието беше оневозможена дебата за гласање на недоверба на Владата.

- Меѓутоа самиот чин на барање на доверба на Влада Заев го направи на начин кој што оневозможи дебата во Собранието односно употреби реално можност во Деловникот со кое што без расправа, без она кое што опозицијата би обидела да ги убеди и другите пратеници во она кое во континуитет го зборува и она што граѓаните во континуитет го зборуваат и доаѓаа до нас за здравството, за образованието, за културата и сите други области, додаде тој.

Петрушевски во своето гостување зборуваше за сето она што се случува во Собранието и констатираше дека тоа го гледаат и меѓународните институции.

-Она кое што го видовме и го гледаме во Собранието особено кога се менуваше името преку уставните измени како пратеници со полициска придружба од притвори беа носени да гласаат, како беа уценувани со кривични пријави. За жал овој метод од кој јас извлекувам заклучок дека се случува во Собранието го гледаат и меѓународните институции. Последна денеска беше Фридом Хаус која што покажа дека сме делумно слободна држава и дека најголем дел во корупцијата, во правдата им наоѓа аномалија, рече Петрушевски.

Тој укажа на тоа ако власта е сигурно во своето мнозинство зошто цел месец нема пленарна седница во Собранието.

Меѓутоа сега се поставува едно друго логичко прашање. Најпрво доколку Зоран Заев бил храбар, а не бил кукавица и сакал да има дебата верувам дека има 20 пратеници преку кои може да поднесе гласање на доверба на влада и да покаже дека е со доволно голем демократски капацитет и да слушне критика од спротивната страна. Меѓутоа ако имаме стабилно мнозинство како што велат колегите од власта и како што сакаат денеска да покажат се поставува логички прашањето зошто еден месец немавме пленарна седница? Ние како опозиција сме секогаш присутни во зградата на Собранието, во нашите канцеларии следиме се што се случува. Наша алатка е дали ќе учествуваме во одредена седница или не особено што од друга страна имаме мнозинство кое што никако не сака да соработува со опозицијата, ништо не сака да ја слушне опозицијата и тогаш е логично да бараме да се обезбеди мнозинство кое што еве велат дека го имаат и нека почната седници, а ние како ВМРО-ДПМНЕ сме тука да соработуваме, додаде Петрушевски.

Петрушевски зборуваше и за акцискиот план на Љупчо Георгиевски за решавање на спорот за Бугарија и посочи дека тоа е многу срамно за целиот македонски народ и за тоа треба да реагира и владејачкото мнозинство.

Јас имам лично против акцискиот план кој го произнесе Љупчо Георгиевски за спорот со Бугарија, а многу Македонци имаат и те како сериозен проблем затоа што она кое беше таму напишано. Срамно е да биде напишано тоа од еден поранешен премиер, сегашен коалициски партнер на СДСМ, понижувачки за македонскиот народ, понижувачки за сите граѓани на Република Македонија и апсолутно се чувствувам навреден од сето она што го прочитав во неговиот предлог план. Мислам дека со иста мера треба да реагира и владејачкото мнозинство и да се оградат од овие ставови кои јавно ги има произнесено нивниот коалициски партнер, рече Петрушевски во своето гостување.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/03/2021 01:18