Бране Петрушевски, Пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „Само Вистина“ зборуваше за корупцијата во државата и укажа дека СДСМ веќе повеќе од 4 години е на власт и срамота е да ја обвинуваат опозицијата за оваа проблематика.

-Јас она кое сакам да го кажам дека после 4 години, веќе 5 година на власт да обвинуваш опозиција, па да обвинуваш институции мислам дека не поминува кај никој граѓанин. Секој ден стигнуваат одредени извештаи каде што за жал Македонија е на многу ниско ниво по однос на борбата со корупцијата, по однос на судските реформи, да не го заборавиме Транспаренси Интернешнл каде сме на поразително 111 место, денеска Фридом Хаус, претходно хибриден режим, Економист, рече Петрушевски во своето гостување.

Петрушевски во врска со оваа тема поврзана со корупцијата посочи дека за да се надмине ова, Љупчо Николовски кој е задолжен за оваа проблематика требаше прво да тргне од својот двор. -Суштината е зошто Николовски кој е за должен за ова не тргна од својот двор, па да расчисти маглата во јавноста околу фирмата на неговиот брат. Kако тоа во оваа држава согласно закон забрането наплаќање без издавање на фискални сметки да се приложуваат парагон блокчиња и таа фирма случајно во годините откако Николовски е висок функционер да прави милионски суми. Што се случи со Ден Дончев, каде целата јавност виде како туциња пари ставаше во чанта и милион вакви корупциски скандали кои се случија овие четири години, а за жал ниту има никаква разрешница ниту пак има некаков напредок за да се расчисти вината на овие луѓе, додаде тој. Петрушевски своето гостување зборуваше за спорот со Бугарија и истакна дека за ваквите позиции кои ние ги имаме како држава со Бугарија виновни се Зоран Заев и Никола Димитров.

За позициите со Бугарија виновен е Зоран Заев и Никола Димитров и оваа политика на СДСМ. Коренот на проблемот со Бугарија, тоа е аматерскиот договор кој што го потпиша Никола Димитров и поддржан од СДСМ. Аматерски договор затоа што со потпишувањето на тој договор им се даде алатка во раце на Република Бугарија да не уценува и да не доведе во подредена позиција. Особено во преамбулата каде е наведено дека имајќи ја во предвид заедничката историја која ги поврзува двете држави и нивниот народ. Јас заедничка историја со Бугарија немам и морам јасно да се изнесам по тоа. Она кое е посуштински и каде произлегува целиот проблем и аматеризмот на оваа влада е членот 2 од тој договор ставот 2, рече Петрушевски.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/03/2021 01:18