Одлуката за евентуално присуство на странски навивачи на летните Олимписки игри (ОИ) во Токио ќе биде донесена до крајот на овој месец, најави денеска јапонската министерка за ОИ, Тамајо Марукава.

Весникот „Маиничи“ претходно денеска, повикувајќи се на анонимен владин претставник, објави дека јапонските власти планираат да забранат влез во земјата за навивачи од странство, сакајќи да спречат ширење на коронавирус.

Паралелно со ова, мнозинството Јапонци и натаму се против одржување на Олимпијадата во Токио. Според последните испитувања на јавното мислење, дури 91 од анкетираните сметаат дека, доколку Игрите се одржат, бројот на гледачи треба да биде минимален или, пак, олимписките натпреварувања да се одржат пред празни арени



Автор: Администратор
Објавено на: 04/03/2021 01:55