Во време кога во Албанија пандемијата со Ковид-19 достигнува кулминација, од Комитетот на експерти за справување со неа, се повлече еден, ако не и најпознат албански епидемилог, доктор Тритан Кало.

Тој веста ја објави на Фејсбук наведувајќи дека „и овој пат политиката навлезе во сите пори на здравсвото и успеа да ги подели лекарите“. Меѓу другото, Кало потенцира дека наместо потребната соработка „лекарите се поделени во три табори“.

Тој иронично наведе дека има три комитети, оној на Владата, на претседателот и на опозицијата и порача дека бил, е и ќе остане лекар во служба на здравјето на луѓето.

– Време на Ковид … 4 март 2021 година. Доктор вчера, денес и во секое време. Доктор во добри, но и во тешки денови за земјата. Едноставност, посветеност, работа и професионализам, додаде меѓу другото Кало.

Засега нема реакција на неговата одлука ниту од Минстертвото за здравство, ниту од Комитетот, кој и покрај најавите дека во понеделникот ќе одржи седница за зголемување на рестриктивните мерки, истата беше одложена со образоложение дека премиерот Еди Рама бил во Брисел и оти истата ќе се одржи во вторник, но не се одржа.

Во меѓувреме процентот на новозаразени во однос на направени тестови не се намалува, па во просек дневно изнесува 30 отсто. Висока е и бројката на починати, во просек по 20 паценти, а активни на болеста се 35.742 лица.

Во земјата продоложува имунизацијата на здратсвените работници и постарите лица од 80 години, со која до сега се опфатени околу 16.000 лица.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/03/2021 13:10