Слаб доумерен ветер од западен и југозападен правец ќе дува утре во текот на денот, а облачноста ќе се зголемува. Заради продор на студена воздушна маса од север, во сабота ќе има позначителна промена на времето.

Од УХМР информираат дека задутре ќе преовладува променливо облачно време со повремен локален дожд, а на планините со локален снег, претежно во западните и северните делови. Ќе дува засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието и на повисоките места каде повремено ќе достигнува брзина над 70 км/час.

Во недела ќе се задржи променливо облачно и свежо со услови за слаби локални врнежи.

Дневните температури ќе опаѓаат и во недела ќе бидат пониски за 8 до 10 степени од досегашните. Утринските температури на повеќе места ќе бидат негативни.

Од понеделник дневните температури ќе бидат во постепен пораст.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/03/2021 13:14