Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола изјави дека сонувал да работи во Англија, во периодот кога ги предводеше Барселона и Баерн Минхен.

– Гледајќи наназад на петте години поминати во Манчестер сити, се чувствувам толку добро, многу добро. Се чувствував исто и минатата сезона, иако не освоивме трофеи. Овде имам пријатели, уживам доверба, се чувствувам заштитено, имам прекрасен однос со навивачите, тимот ги следи моите идеи, сакам да работам со овие играчи.

Имам неверојатни услови за работа. Го мразам ноември, декември, јануари, февруари во Англија затоа што би сакал да видам подобро време. Но, јас имам сè. Сè за да си ја завршиш работата. Затоа го обновив договорот со Манчестер сити, истакна Гвардиола.

Не велам дека се чувствував лошо во Баерн или Барселона, но кога работев со овие клубови секогаш сонував да бидам во Англија. Сакав да работам во земјата на Шекспир, Битлси и Оазис. Англија не е само фудбал, туку е и кино и театар. Посебна земја, нагласи Гвардиола.

Манчестер сити по 27 кола во Премиер лигата е убедлив лидер со 65 бода, 14 повеќе од второпласираниот Манчестер јунајтед.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/03/2021 15:01