Европската унија ја суспендираше развојната поддршка за проектите во Мјанмар за да го избегне обезбедувањето финансиска помош за армијата што минатиот месец насила ја презеде власта во земјата, соопштија денеска официјални претставници на Унијата.

Британските медиуми, повикувајќи се на неименуван функционер на СТО, пренесуваат дека ЕУ го известила комитетот на Светската трговска организација дека ги суспендира сите форми на развојна соработка што би ги поддржала воените власти во оваа азиска земја.

Европската комисија потврди дека ја суспендира буџетската поддршка, вредна повеќе стотици милиони евра за училишта, за изборите и за руралниот развој за период од неколку години.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/03/2021 15:24