До каде спадна популизмот на Владата на Заев!

Во недостаток на вистински, крупни и сериозни проекти, Бочварски, Заев и Рамадани се сликаат пред камери, држат говори како да кој знае се случило. Имено, се работи за почеток на обична реконструкција на постоечки 110 КВ далновод Штип - Свети Николе. Замислете да беше навистина нешто крупно и суштествено! Веројатно и жива музика ќе донесеа.

Само за илустарција, АД МЕПСО во времето на владата на ВМРО-ДПМНЕ реконструираше вакви далноводи без никаква помпезност и најави, туку како дел од секојдневното работење.

А, за волја на вистината, бидејќи оваа Влада не стори ништо за енергетиката, освен фалби, себепромовирање и зборот „ЌЕ“, ваквата обична реконструкција за нив навистина е нешто „големо“. И за да биде иронијата уште поголема оваа реконструкција требаше да биде готова уште пред 2 години. Но, тоа е типично за СДСМ: фалби, помпезност и преувеличување за нешто што не е ни почнато, а требаше да биде одамна завршено.

И за крај од оваа реконструкција ќар ќе видат само тајкуните на СДСМ кои имаат концесија за изградба на ветерни централи, како што е ФЕЦ „ Богословец“. Ем, повластена тарифа за ветрениците, ем реконстриуран далновод, пари кои ќе се платат од џебот на македонските граѓаните.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/03/2021 15:28