Основачот на Тесла, Илон Макс, денеска на Твитер објави дека електро автомобилоте Тесла сега може да се купуваат со биткоини. Засега, услугата е можна само во САД, а кон крајот на 2021 година ќе бидат вклучени други земји, вели Маск.

За реализиација на уплатите Тесла ќе користи своја програма со отворен софтвер. Криптовалутата нема да се трансферира во обична, а ќе остана во вид на биткоини.

Биткоинот започна брзо да добива на цена во февруари, откако се дозна дека Тесла вложила 1,5 милијарди долари во оваа криптовалута. Но по соопштението на Макс дека биткоинот е „малку по неглупава форма на ликвидност од готовината“, вредноста на криптовалутата нагло се намали, а Маск се симна од првото место како најбогат човек во светот, според агенцијата Блумберг.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/03/2021 23:57