На 42 години почина Небојша Трпковски, директор на државно средно училиште – Регионален центар за стручно образование и обука „Моша Пијаде” – Тетово.

– Со огромно жалење ја објавуваме веста за прераната смрт на нашиот ценет и почитуван директор. Изгубивме голем човек. Нека почива во мир. Погребот ќе се одржи денеска, објавија денеска од училиштето.

Како директор Небојша Трпковски го спроведе процесот на преминување на училиштето во регионален центар.

– Денес се збогуваме од нашиот драг колега Небојша. Неуморно работеше во ребрендирање на училиштето е нејзино претворање во регионален центар. Неговите дела ќе живеат засекогаш. Почивај во мир директоре, напиша на социјалната мрежа „Фејсбук”, Ахмед Ќазими, раководител на секторот за образование и јавни дејности при општина Тетово.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/03/2021 12:22