Како ефикасно да се имплементира безбедносниот печат „Safe travels“ кој ќе биде неопходен за земјава да стане што по видлива како туристичка дестинација оваа година, со оглед на КОВИД пандемијата.

Ова ќе биде темата на денешната прес-конференција на Стопанската комора на Македонија што ќе се одржи денеска онлајн.

Печатите „Safe travels“ се наменети за хотели, ресторани и други туристичко-угостителски капацитети како потврда дека сместувањето и престојот кај нив е безбедно. Ова, како што велат од Комората, е веќе пракса во некои од европските земји, па и во некои од државите во Западен Балкан.

-Во услови кога е во фаза процедурата за воведување протоколи за безбедност и издавање безбедносен печат „Safe travels“ на World Travel & Tourism Council (WTTC), за кое надлежност има Министерството за економија, како деловен сектор укажуваме дека за да биде функционален и да даде ефект, би било од голема корист да постои системско решение за имплементирање на т.н.safe travels стандарди кои се имплементираат во сите земји што ставаат акцент на туризмот како ПОСТКОВИД развој, во услови на се уште постојна криза во пресрет на отворање на регионите и државите за патување преку координирана акција за подигнување на туристичкиот ефект во државата, истакнуваат од Комората.

На прес-конференцијата насловена „Видливоста на Македонија како туристичка дестинација за 2021 година“ ќе зборуваат Асим Меџедовиќ и Александар Кузманоски, заменици-претседатели на Здружението на угостителство и туризам при Стопанската комора на Македонија.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/03/2021 10:54