Мјузиклот „Дијана“ – театарска претстава за животот на британската принцеза Дијана, би требало да се врати на Бродвеј нареднава зима, а специјално шоу ќе биде прикажано и на Нетфликс, премиерно на 1 октомври.

„Дијана“ првпат беше изведена на „Ла Јола плејхаус“ во 2019 година, а на Бродвеј се префрли во март 2020 година – непосредно пред светски познатиот театар да биде принуден да се затвори поради Ковид-19 пандемијата. Претставите би требало да продолжат и во театарот „Лонгар“ на 1 декември.

Билетите за Бродвеј се веќе пуштени во продажба. Иако претставите, сепак, остануваат предмет на одобрување, врз основа нна натамошните упатства на здравствените власти околу пандемијата.

Режисер е Кристофер Ешли, а меѓу глумците се Жана де Ваал како Дијана, Ро Хартрамф во улогата на принцот Чарлс, Ерин Дејви – Камила Паркер и, Џуди Кеј во улогата на кралицата Елизабета Втора. Носителотот на награедата Тони, Џо Дипјетро ги напиша книгата и стиховите, а Дејвид Брајан – исто така добитник на Тони, ги напиша музиката и текстовите. Кели Девајн се справи со кореографијата, а Јан Ајзендрат е одговорен за музичкиот аранжман.

Претставата „Дијана“ наменета за Нетфликс, пак, ќе се сними без публика и со сите потребни безбедносни корона-протоколи.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/03/2021 12:29