Нови истражувања го потврдуваат и онаа популарното уверување дека ако детето има чести изливи на бес и бунт против вас, тоа многу веројатно ќе биде поуспешен и побогат човек во иднина.

Труд објавен во Луксембург го следи образованието на децата кои посетуваат училиште и открива дека оние кои се спротивставуваат на авторитет и им пркосат на своите родители на рана возраст, се стремат да останат на училиште подолго. Тоа ќе рече – повисоко образование и поверојатен успех на врвни работни места.

Ејнџела Дакворт, психолог од Универзитетот на Пенсилванија, исто така ја поддржува оваа теорија. Таа тврди дека ако децата покажат карактер што уште од рана возраст би се означувал како „цврст“, многу е поголема веројатноста детето да постигне успех во кариерата. Значи, следниот пат кога Вашето дете ќе бара „Ајпад“ со часови, може да се утешите дека тој или таа наскоро ќе стане извршен директор или доктор…

Многумина се прашуваат – дали врескањето и викањето е нормален и природен дел од развојот на едно дете? Одговорот на психолозите е потврден. Таканаречените тантруми се еден начин детето да ги изрази и да управува со своите чувства и, со тоа – да го разбере или да се обиде го промени она што се случува околу нив.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/03/2021 13:01