Денеска (31.03.2021) во 12.15 часот во село Блаце, скопско, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка - Отсек потраги и од СВР Скопје, врз основа на судска наредба, го привеле А.Д.(39) од Скопје за издржување казна затвор за сторено кривично дело по член 392 од Кривичниот законик и доиздржување казна затвор за сторено кривично дело по член 133 од Кривичниот законик.

Тој бил предаден во Полициската станица Чаир за понатамошна постапка.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/03/2021 16:12