Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (31.03) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на Сарај изречени се вкупно 75 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола девет санкции, осум за технички неисправни и нерегистрирани возила, пет санкции за користење мобилен телефон.
Изречени се и осум мерки за некористење сигурносен појас, седум за минување на затворен сигнал (црвено светло), шест за непрописно престројување.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.