Првиот светски рекет Ешли Барти ја одбрани титулата на турнирот во Мајами. Таа вечерва со 6:3 по првиот и 4:0 во вториот сет кој Бјанка Андреску го предаде го освои трофејот на престижниот Мастерс.

Австралијката е втора по Дарија Касаткина што освои две титули оваа сезона (првата во Мелбурн).

Воедно за Барти ова е јубилеен 10 трофеј на ВТА турнирите.

Барти е првата тенисерка по Серена Вилијамс по шестгодишна пауза која стигнува до трофејот како прва носителка и е шестата тенисерка која успеа да ја одбрани титулата во Мајами.

По овој успех, Австралијката ќе продолжи да биде лидер на ВТА ранг-листата најмалку уште еден месец – до турнирот во Мадрид, кој започнува на 3 мај.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/04/2021 01:35