Авантурата „Годзила против Кинг Конг“ постави рекорд во кинозаработките при услови на пандемијата, откако викендов „Ворнер Брос“ и „Ентертејнмент“ заработија 32 милиона, а 48,5 милиони долари за време на првите пет дена прикажување во киносалите во САД.

Се чини, филмов покажа дека луѓето се подготвени да се вратат во кината, коментираат познавачи. Достапен им е и на претплатниците на „ХБО“, без дополнителна наплата. Не е познато колку луѓе го гледале филмот од дома.

– Иако ова е само половина од она што би било во нормални околности, викендот е јасен и позитивен показател дека одењето в кино има свои силни страни коишто не исчезнуваат, рече Дејвид А. Грос, кој раководи со филмската консултантска фирма „Френчајз Ентертејнмент рисрч“.

Тој ја опиша продажбата на билетите за викендот како „моќна“, со оглед на сѐ уште тешките услови. Повеќе од 50 отсто од кината во САД се отворени, но многумина, вклучително и оние во Њујорк и Лос Анџелес, работат со намален капацитет поради безбедносните протоколи.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/04/2021 11:08