Водостоите на речиси сите реки во земјава се пониски од просекот за април, а исклучок се реките Пчиња на мерните места кај Пелинце и Катлановска Бања и Струмица кај Сушево каде нивото е малку повисоко од просечното.

Сепак, последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) покажуваат дека водостоите на реките се малку покачени или исти како вчерашните.

Ист водостој како вчера имаат и трите природни езера со тоа што нивоата на Охридското и Преспанското Езеро се пониски од просечните и тоа за 24 сантиметри кај Охридското и за 1,52 метри кај Преспанското Езеро, кое за 14 сантиметри го има надминато апсолутниот минимум. За разлика од нив, водостојот на Дојранското Езеро е за 2,83 метри повисок од повеќегодишниот просек за овој месец.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/04/2021 12:54