Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Битола информира дека од денеска почнуваат со работа дисперзираните канцеларии на МЗШВ во општините Новаци и Могила.

Во канцелариите ќе работат стручни лица кои се вработени во МЗШВ, подрачна единица-Битола и кои ќе овозможуваат агро-услуги и совети само за земјоделци кои по лична карта се со адреса на живеење во пелагониските општини Новаци и Могила.

-Отворен е системот за поднесувања на барања за финансиска помош во земјоделството. Поднесувањата се вршат електронски на страната на Агенцијата за финансиска поддршка и рурален развој. Како минатите години, така и оваа година отворени се дисперзираните канцеларии во општините Новаци и Могила, додека пак земјоделците кои се со место на живеење во Битола ќе се обраќаат во ПЕ Битола. Пријавувањето на субвенции трае до 31 мај, информираат од подрачната единица на МЗШВ во Битола.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/04/2021 10:52